„Техмаш“ ја тестираше најновата ракета „Бронебојшчик“

Министерство за одбрана на РФ
Државното тестирање на најновата авионска ракета С-8 ОФП „Бронебојшчик“ ќе биде завршено до крајот на годината, изјави за новинарите генералниот директор на концернот „Техмаш“ Владимир Лепин.

„Планираме да завршиме со тестирањето и да почнеме со испораки на ракетата за армијата доколку сѐ помине добро“, изјави генералниот директор, истакнувајќи дека „Бронебојшчик“ засега ги покажува сите планирани карактеристики.

На пример, ракетата во зависност од прилагодувањето може да експлодира пред пречка или при удар во пречката, а може и без експлозија да ја пробие пречката и да експлодира зад неа.

„Бронебојшчик“ е наменет за вооружување на авиони од типот на Су-25 и хеликоптери Ми-8. 

С-8ОФП „Бронебојшчик” е модернизирана верзија на ракетата С-8, која обединува неколку уникатни технологии. Ракетата според дострелот и ефикасноста ја надминува сета постојна муниција од оваа клааса.

„Земјоделие“ и „Тосочка“

Лепин исто така зборуваше и за работата над новиот систем за далечинско минирање „Земјоделие“ (Земледелие) и тешкиот повеќецевен фрлач на пламен „Тосочка“.

„Оваа година треба да се заврши прелиминарното тестирање“, рече тој зборувајќи за системот „Земјоделие“. Работата над „Тосочка“ е, според Лепин, во иста фаза.

„Тој систем веќе се прави. Во тек се конструкторските работи. Толку сложени системи не можат да се направат за еден ден... Постои рок, тој е одреден и ние се држиме до договорот“, истакна тој.

Лепин додаде дека „Тосочка“ ќе се разликува од системот „Сонцепјок“, но не откри во што се состои таа разлика.

Покрај тоа, генералниот директор на концернот рече дека продолжуваат преговорите за склопување на руски проектили во Индонезија. Се работи за артилериски проектили и евентуално за повеќецевни ракетни фрлачи.

С-8ОФП „Бронебојшчик” е модернизирана варијанта на ракетата С-8, која обединува неколку уникатни технологии. Ракетата според дострелот и ефикасноста ја надминува целата постојна муниција од оваа класа. Во февруари 2017 година беше објавено дека „Бронебојшчик” наскоро ќе влезе во состав на вооружувањето на руската војска, по што ќе почне да се произведува сериски.

И тешкиот повеќецевен ракетен фрлач „Сонцепјок“ беше успешно применет во Сирија, каде моќната заштита на овие фрлачи на тенковски гасеници овозможуваше примена на првата линија на фронтот со директно наведување на огнот. Меѓутоа, машините на гасеници не се доволно мобилни во услови на современо маневарско војување, каде нема континуирана линија на фронтот, туку се водат локални борбени операции, така што тешката техника мора постојано да се префрлува на нова локација со помош на теглач за да се штедат гасениците и патиштата. Сето тоа е скапо, комплицирано и не е доволно безбедно. Тој проблем треба да го реши „Тосочка“, која место гасеници има тркала, особено што бандите против кои руската армија војува во последно време немаат тешко вооружување кое би било критично за техниката на тркала.

Прочитајте повеќе: „Братот на „Сонцепјок”: Тешкиот оклопен транспортер-пламенофрлач БМО-Т

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња