Борбените ласери „Пересвет“ стапија на експериментално борбено дежурство (ВИДЕО)

Скриншот

Руската војска соопшти дека најновите борбени ласерски системи „Пересвет“ стапиле на пробно борбено дежурство.

„Ласерските системи „Пересвет“, базирани на нови физички принципи, стапија на експериментално борбено дежурство. Војската почна да ги добива во текот на 2017 година во склоп на Државната програма за вооружување“, пренесува „Црвена ѕвезда“.

Припадниците на единиците кои ги опслужуваат овие ултрамодерни системи поминаа специјална обука на Воено-космичката академија „Можајск“ и кај производителите, каде ги добија неопходните теоретски знаења и практични вештини, се истакнува во објавата.

Претходно во месец март, во текот на обраќањето до Федералното собрание, претседателот на Русија Владимир Путин зборуваше за новите руски сложени борбени системи, вклучувајќи го и борбениот ласерски комплекс наречен „Пересвет“, откако Министерството за одбрана распиша конкурс за негов развој.

Во јули руското Министерство за одбрана соопшти дека системите на борбени ласери „Пересвет“ веќе пристигнале во арсеналот на војската. Во август се појави вест за локацијата на распоредување  на борбените ласерски системи.

Прочитајте повеќе: Рускиот борбен ласер „Пересвет“ супериорен во однос на американските пандани

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња