Не е дизајнерска шега: По руските улици вози морничав спој на „Лада Рива“ и „Веста“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Иако на љубителите на автомобили им беше тешко да поверуваат дека на улиците ќе се појави концептуален автомобил „Лада Рива“ мутант со лице на „Лада Веста“, сепак тоа се случи.

Руските вљубеници во автомобили претставија уште едно ремек-дело, необичен спој на „Лада Рива“ и „Лада Веста“, базиран на возилото ВАЗ 2105. Овој чуден модел првин беше претставен во вид на концептуален автомобил, кога предизвика жолчни реакции токму поради необичниот изглед. Но неговите творци, умешните момци од „Јутјуб“ каналот „Циркус на тркала“, не се осврнуваа на реакциите кои го карактеризираа како дизајнерска шега, грижливо работејќи на оваа модификација сѐ додека од неа не направија вистинско превозно средство.

Руските блогери набавија стара „Лада Рива“ (ВАЗ 2105) на која сериозно интервенираа додека не добија неверојатно возило со предна страна во вид на современ модел на „Лада“. За да ги реализираат до крај сите свои замисли, тие користеа пластични детали, како и цврст картон.

„Дотераното“ чудо од автомобил вози по руските патишта, вчудовидувајќи ја околината и редовно предизвикувајќи бурни реакции. Првите фотографии ги кренаа на нозе љубителите на автомобили, на кои им беше тешко да замислат дека некогаш би можело да се појави такво возило во сообраќајот. Некои корисници на социјалните мрежи го нарекоа новото возило „Пијана Веста“. Творците на необичниот автомобил тврдат дека од технички аспект немало никакви промени.

Погледнете и други откачени автомобили на руски начин