Неверојатни автомобили.
supertima/drive2.ruИзвор: Roman Nikitin, drive2.ru
Роман Никитин од Сибир е голем обожавател на научната фантастика. Тој дошол на идеја стариот автомобил Toyota Carina Surf да го претвори во борбено возило од некој постапокалиптичен свет. Дизајнот е инспириран од филмот „Лудиот Макс“ и од други слични филмови со бркотници на автомобили. Ваше е само од џебот да извадите 2200 американски долари.
Извор: andreios/drive2.ru
Доколку на Бетмен некогаш му биде потребно да го замени својот Бетмобил со некој друг модел, веројатно ќе го купи овој ѕвер. Хибридот од американското возило Oldsmobile и руски оклопен транспортер може да развива брзина од 90 км/час. Не морате да сте баш Брус Вејн за да го купите овој „црн гавран“ (како што се вика ова чудо), но знајте дека тој сепак не е евтин. За 35000 американски долари можете да ја „преземете работата во свои раце“ и да станете борец против криминалците на казашкиот град Караганда (костимот на Бетмен не е вклучен во цената).
Извор: SKAYR32/DRIVE2.RU
Кога луѓето еден ден ќе отидат на Марс мошне веројатно е дека ќе користат превозни средства како ова. Засега творецот на „Парклендер“ (за кој е искористен Nissan Maxima) од Алтајскиот крај вели дека овој модел за е само за возење на планетата Земја. Побарајте низ џебовите и ако во нив најдете 25000 американски долари, искористете ја оваа поволна можност. Веројатно е поволна...
Извор: Vlad363/drive2.ru
Сакате да се чувствувате како гангстер од Чикаго во времето на прохибицијата? Не е проблем. За само 10000 американски долари можете да купите автомобил на кој би му позавидел и Ал Капоне. Рускиот дизајнер од Урал го направил од моделот Chevrolet Caprice 5.0.
Извор: arkanfed/drive2.ru
„Витез“ („Витязь“) е конструиран да гази бари и длабок снег, и тој тоа навистина го прави. Возилото е направено од делови на ВАЗ-2183 и на борбеното возило на пешадијата BTR-80. Нема сомнеж дека ова возило ќе биде интересно за луѓе кои често наидуваат на длабоки бари, непреодни шуми и стрмни нагорнини. Подгответе се да платите 10000 американски долари.
Извор: Екатерина/avito.ru
Сте размислувале ли за куќа на тркала? Русите кои го направиле овој „моторизиран дом“ очигледно размислувале. Можеби изглед малку неугледно, но е невообичаено пространо внатре: 3 кревети, маса, па дури и шпорет. За жал, нема тоалет, но човек не може да има сè што ќе посака.
Извор: Andrei/avito.ru
Никој нема да верува дека ова чудовиште некогаш бил Chevrolet Lumina – скромен и комфорен семеен автомобил. Сега му е даден нов живот во вид на огромен џип со 6 тркала кој може да превезува голем товар на пропаднатите руски патишта и беспаќе. И цената е за чудење – само 1500 американски долари.
Извор: Ivan Koshelev / avito.ru
Ова теренско возило 4x4 некогаш служело во армијата. Родено е како советско воено возило ЛуАЗ-967, а сега се користи во цивилна служба. Модифицирано е и сосема преуредено, сака реки и има слатка цена: 2500 американски долари.
Извор: supertima/drive2.ru
Доколку во град сте го виделе ова блиндирано патролно возило БРДМ-2, веројатно сте се запрашале што по ѓаволите прави тоа тука. Но, тоа повеќе не е воено возило. Сега е БРДМ-2 патничко возило – има нова инструмент-табла и нов волан, удобни седишта и луксузна кабина, но сиот тој раскош има и своја цена: 54000 американски долари.
Извор: Olegburk/drive2.ru
Доколку вашиот автомобил не може да форсира река, нема потреба да купувате нов. Само наместо старите тркала ставете ги овие џиновски и нема да имате никакви препреки на вашиот пат!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче