„Калибризација“ на Црноморската флота: За наредната 2019 година најавени сериозни засилувања

Денис Абрамов/Sputnik
Во наредната, 2019 година, се очекува значително зголемување на огнената моќ на единиците на Црноморската флота кога е во прашање способноста за изведување на далекуметни удари на далечини и до 2500 км.

Руската Црноморска флота во 2019 година ќе добие два нови мали ракетни брода кои ќе бидат вооружени со крстосувачки ракети „Калибар“, наведува претставникот на Црноморската флота, капетан прва класа Алексеј Руљов.

„Следната година се планира завршување на изградбата, испитувањата и вклучувањето во состав на Црноморската флота на два нови мали ракетни брода од различна класа кои ќе бидат опремени со крстосувачки ракети „Калибар“. Покрај тоа, во состав на Црноморската флота ќе влезе и реморкерот „Сергеј Балк“, истакна капетанот.

Руљов напомена дека во блиска иднина во состав на Црноморската флота исто така ќе влезат и малиот ракетен брод „Орехово-Зуево“, потоа патролните бродови „Василиј Биков“ и „Дмитриј Рогачов“, морскиот миноносач „Иван Антонов“ итн.

Крстосувачките ракети „Калибар“ првенствено беа развивани за опремување на новите повеќенаменски нуклеарни подморници од класата 885 „Јасен“. Потоа со нив почнаа да се опремуваат и подморниците од класата 636, како и површинските воени бродови.

Ефективниот дострел на крстосувачките ракети „Калибар“ е околу 2500 км. Првпат беа употребени на 7 октомври 2015 година во Сирија, кога беа ракетирани позиции на терористите. Тогаш беа истрелани вкупно 26 ракети „Калибар“ од екваторијата на Каспиското езеро. Ракетите беа лансирани од ракетните бродови од класата 11661К „Дагестан“ и малите ракетни бродови од класата 2163 „Град Свијажск“, „Велики Устјуг“ и „Углич“.

Прочитајте повеќе: Американски адмирал загрижен поради способноста на „Калибар“ да ја гаѓа Европа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња