Телевизискиот канал „Ѕвезда” објави снимка од првото лансирање на ракета од ракетен систем „Калибар“ од фрегатата на Црноморската флота „Адмирал Григорович”.
Ракетите од патролниот брод се лансирани во Црното море.
Како што претходно соопшти началникот на одделението за информирање на Црноморската флота Алексеј Руљов, фрегатата погодила брод на симулираниот непријател кој се наоѓал на оддалеченост од речиси 80 километри. Во текот на вежбите морскиот полигон беше затворен за пловидба, додаде Руљов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче