Руските конструктори работат на хиперсонична ракета што ќе ја користи Су-57

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Од 2020 година рускиот повеќенаменски ловец од петта генерација Су-57 во своето вооружување ќе има хиперсонични ракети, изјави првиот човек на корпорацијата „Тактично ракетно вооружање“ Борис Обносов.

„Во перспектива можеме дефинитивно да очекуваме дека оружјето кое ќе ја обележи наредната деценија ќе стане составен дел од ловецот од петтата генерација Су-57. Сѐ ќе биде во свое време, па така и на него ќе биде применето хиперсонично вооружување“, ги пренесува неговите зборови интернет порталот Взгљад.

Досега со рускиот хиперсоничен ракетен комплекс од класата „воздух-воздух“ и „воздух-море“ „Кинжал“ е вооружен само ловецот-пресретнувач МиГ-31К. Со својот максимален дострел од 2000 км и брзината на летање кој достигнува 10000 км/час, оваа ракета е практично невозможно да се пресретне со постојните системи за ПВО/ПРО.

Во САД признаа дека оваа ракета е многу сериозна опасност за потенцијалните противници на Москва. Во британските медиуми по руските најави дека ловецот од петтата генерација Су-57 ќе биде опремен со хиперсонични ракети овој авион беше наречен летало кое се подготвува за Трета светска војна.

Прочитајте повеќе: Сирија: Првпат прикажани ловци од петтата генерација Су-57 во една борбена мисија