На Путин му ги претставија воено-медицинските достигнувања

Global Look Press

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во текот на посетата на воено-иновативниот технополис ЕРА имаше можност да ги види научните работи од областа на медицината.

На Путин му беа прикажани техники за тродимензионално скенирање и обработка на податоци неопходни за третман, јавуваат медиумите.

Медицинските институции можат да му испраќаат на технополисот снимки од пациенти според кои со 3-Д печатачи се прават тродимензионални модели врз основа на кои се утврдува природата на заболувањето и методиката на лекувањето.

На рускиот претседател му беше претставена и специјална платформа за инженериско-минерски чизми. Платформата го прима ударниот бран на експлозијата и спречува негов целосен пренос врз стапалото на корисникот.

Шефот на руската држава ја испита лабораторијата за производство на биолошки производи за медицинска индустрија. Му беше реферирано и за истражувањето на геномите на кое се работи во технополисот.

„Мораме да привлечеме специјалисти. Веќе имаме одредени достигнувања, но мора уште многу нешта да се направат“, рече Путин по инспекцијата.

Технополис е воспоставен со претседателски декрет од 25 јуни 201 година. Изградбата на првиот стадиум траеше 155 дена, соопштува ТАСС.

ЕРА-технополис би требало да ги забрза развојот и имплементацијата на револуционерни технологии во одбранбениот сектор и да направи инфраструктура за најуспешна интеракција на научните, образовните и индустриските организации. Задачите исто така вклучуваат имплементација на младите научници во руските Вооружени сили.

Во моментов 37 претпријатија се наоѓаат во овој грозд компании, вклучувајќи ги „Калашников“, „Сухој“ и други. Во технополисот се формирани и работат четири научни чети во кои служат 160 припадници на војската.

Прочитајте повеќе: Во Русија претставен нов робот-медицинска сестра по име „Ангел”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња