Рускиот концерн „Техмаш” (во состав на „Ростех”) на форумот „Биотехмед” го претстави „Ангел“, првиот модел на модернизиран дијагностички медицински систем за одржување на животните функции на човекот.
„Роботот-медицинска сестра е наменет за пружање медицинска помош во примарната дијагностика, за автоматска контрола на животните функции на повредено лице и инвазивно давање на препишани препарати според даден распоред. Во моментов системите „Ангел“ веќе се користат во Министерството за вонредни состојби и во низа регионални медицински установи“, соопшти „Ростех”.
Унапредениот „Ангел” сега може да снима дванаесетканални електрокардиограми, да врши неинвазивно следење на протокот на крв низ срцето, земајќи ги предвид дополнителните параметри на висина, тежина и пол на пациентот. Освен тоа, роботот стана покомпактен и полесен: тежината од 22 му е намалена на 8 килограми.
Роботот може да дијагностицира травматски шок, труење, мозочна траума, труење со радијација, хеморагиски шок, значајно пореметување на циркулацијата на крвта во мозокот и друго.
Според мислењето на извршниот директор на „Ростех” Олег Евтушенко, користењето на „Ангел” ја зголемува достапноста на медицинската помош. „Функционирањето на системот во себе поврзува можности на неколку стручни медицински специјалисти, што е од исклучителна важност во услови на дефицит на медицински персонал. На пример, за време на техногени катастрофи, во вонредни ситуации, во оддалечени населби или при превоз на пациент“, објасни тој.
Форумот „Биотехмед” се одржува од 9 до 11 септември 2018 година во Геленџик.
Во август 2015 година беше соопштено дека тулското претпријатија „Сплав“ и Московскиот државен универзитет направиле модел на робот-медицинска сестра.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче