Купувањето на руските ПВО-системи С-400 за Турција е решено прашање

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Од купувањето на руските системи за противракетна одбрана С-400 нема откажување, соопшти официјална Анкара, пренесува „Ројтерс“.

„Овој договор е решено прашање и јас не можам да го поништам“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по разговорите со државниот секретар на САД Мајкл Помпео. Чавушоглу додаде дека, кога се работи за набавка на оружје, предност им дава на сојузниците.

САД поради руско-турскиот договор за испорака на системи С-400, што беше оценето како ризичен чекор за НАТО, ја запреа испораката на авиони-ловци Ф-35 на Турција.

Русија за 2,5 милијарди долари ќе ја снабди Турција со комплет противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф“ кој ќе опфати команден пункт на полк и два дивизиони со по осум лансери, а испораката ќе биде извршена во октомври 2019 година, наведоа претходно извори.

Прочитајте повеќе: Откриени детали за испораката на системот С-400 на Турција