Руските противвоздушни системи С-400 во Турција ќе бидат распоредени во октомври 2019 година, соопшти министерот за одбрана на Турција Хулуси Акар.
„Работите на распоредување на системите ќе почнат во октомври 2019 година. Во тек е избор на персоналот“, изјави Акар, пренесува РИА „Новости“ повикувајќи се на весникот „Јени Сафак“.
Тој додаде дека избраните војници на почетокот на 2019 година ќе заминат во Русија на обука, а кога ќе ги добијат сите неопходни знаења ќе се вратат во Турција и ќе почнат со работа.
Турција и Русија во декември минатата година потпишаа кредитен договор за набавка на противвоздушни ракетни системи С-400. Анкара ќе купи две батерии со кои ќе управуваат турски војници.
Овој потег на Турција не им се допадна на САД, кои сметаат дека една од нивните приоритетни задачи е да го спречат купувањето на руските противвоздушни системи. Како една од мерките Вашингтон ј користи заканата дела ќе одбие да ѝ испорача на турската страна свои ловци-бомбардери F-35. Турција соопшти дека ваквите изјави на САД ги смета за уцена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче