Во текстот се напоменува дека повеќенаменскиот авион-ловец Eurofighter е во најголема мера проектиран со цел остварување на превласт во воздушниот простор, но и за операции за воздушна поддршка на ловците-бомбардери од типот на „Торнадо“ при нивно дејствување по копнени цели на непријателот.
И покрај тоа што ловците-бомбадери „Торнадо“ имаат способност да извршат напад врз копнени цели оддалечени 150 км, во денешен судир тоа не е доволно. Особено ако се смета на судир со Русија.
Имено, во составот на руската противвоздухопловна одбрана постојат средства како што е, на пример, С-400 „Триумф“, кој со своите ракети од класата „земја-воздух“ далеку ги надминуваат дострелите на ракетите од класата „воздух-земја“¹ кои ги поседуваат овие авиони.
Според зборовите на еден офицер на германското Воено воздухопловство, толку моќен и современ систем за ПВО како што е С-400 „Триумф“ е невозможно да се исфрли од строј без масовна примена на софистицирани, но и прескапи убојни средства, како и без осетни загуби во летала но и екипажи кои би управувале со нив.
¹Додуша овој авион може да употреби крстосувачка ракета TaurusKEPD 350 чиј дострел изнесува над 500 км но е многу дискутабилно колку со оваа ракета може да се загрози еден респектабилен систем како што е С-400, околу кој е густо распоредена ешалонирана одбрана составена од голем број модерни системи со мал и среден дострел опремени со активни и пасивни системи за откривање и наведување („Бук-М2/М3“, „Панцир-С“ „Тор-М2“). Притоа, се работи за супсонична ракета со големи габарии која единствено може да се надева на својата намалена радарска видливост. Штом се детектира претставува многу едноставна воздушна цел за соборување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче