НАТО против НАТО: Зошто Турција го купува рускиот систем С-400?

Системот за противракетна одбрана С-400 „Триумф”

Системот за противракетна одбрана С-400 „Триумф”

Кирил Калиников/RIA Novosti
Русија и Турција конечно го потпишаа долго очекуваниот „скап“ договор.

На 12 септември Кремљ соопшти дека многу важните преговори со Турција се привршени и дека сега, втората по ред членка на западната воена алијанса ќе ги добие руските противвоздушни ракетни системи.

Договорот е потпишан и треба да се реализира. Како што знаете, С-400 е еден од најсложените системи кок се состои од голем број технички компоненти, така што овде има многу нијанси. Можам само да гарантирам дека сите одлуки во рамките на овој договор се донесени строго во согласност со нашите стратешки интереси“, изјави за ТАСС помошникот на рускиот претседател за воено-техничка соработка Вадим Кожин.

Турција, меѓутоа, ќе мора неколку години да ја почека испораката, напомена тој.

„Би сакал да истакнам една важна околност: постои листа на чекање на оние кои се заинтересирани за овој систем. Тоа се земји од Југоисточна Азија и Блискиот Исток, како и некои членки на ОДКБ. Нарачки има многу, а еден број земји има специфични барања поврзани со овој систем“, изјави Кожин, истакнувајќи дека руските производители на ова оружје во врска со тие барања веќе имаат полни раце со работа, така што не е потполно јасно кога С-400 „Триумф“ ќе ѝ биде испорачан на Турција.

Зошто армиите го купуваат ова оружје?

На почетокот на XX век Русија направи моќно противавионско оружје. Тоа е системот С-400 „Триумф“ (или „Growler“ според класификацијата на НАТО).

Новосоздадениот систем брзо стана „тешкаш“ во светот на противракетната одбрана, затоа што детектира непријателски ракети, авиони, бомбардери, хеликоптери и сите останати јуришни авијациски системи на оддалеченост до 600 км.

Треба да се истакне дека радарите на овој систем не се „еднонасочни“ како кај некои други модели – тие ја прават видлива секоја „птичка“ која се приближува или оддалечува во радиус од 600 км.

Тоа беше најважниот параметар, со оглед дека најблискиот еквивалент - американскиот систем MIM-104 „Патриот“ - обезбедува „еднонасочна видливост“ во радиус од само 180 километри.

Двата система ги уништуваат сите современи и перспективни воздушни цели, со тоа што „Growler“ почнува да го прави тоа на оддалеченост од 400 км, и во овој момент дури ни бомбардерите и авионите-ловци од петта генерација нема да останат незабележани.

Тие две карактеристики беа една од причините поради кои Кина, Индија и Турција „застана во редица“ за купување на познатиот одбранбен систем. Еден дивизион со овие ракети (8 лансери и помошни средства) чини околу 500 милиони долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња