Откриени детали за испораката на системот С-400 на Турција

Кирил Калиников/Sputnik

Русија ќе ја снабди Турција со комплет противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф“ кој ќе опфаќа команден пункт (КП) на полк и два дивизиони со по осум лансери, а испораката ќе биде извршена во октомври 2019 година, наведуваат извори.

„Веќе во периодот од март до мај наредната година сите компоненти на КП на полк и два дивизиони би требало да бидат поставени на специјални технолошки платоа на полигонот Капустин Јар, во периодот од мај до август би требало да се изведе прилагодување и натоварување на опремата, по што таа ќе му биде предадена на концернот „Алмаз-Антеј“ за конечна испорака на Турција во октомври“, соопшти воено-дипломатски извор, пренесуваат медиумите.

Според него, „роковите се многу тесни“, особено ако се имаат предвид работите на производството на елементите на вториот комплетен полк С-400 за Кина.

Соговорник истакна дека, на барање на Турција, ќе биде монтиран во С-400 направениот во Русија систем на препознавање на објекти „свој-туѓ“ според НАТО стандардите, како и дека „поврзувањето на полкот со мрежата за ПВО на НАТО ќе биде овозможено преку кодиран уред кој ќе го прилагодат турските специјалисти на НАТО фреквенции“.

Објаснето е и дека договорот со Турција за снабдување со системот С-400 е „чисто еднократен“ и дека не опфаќа лиценца за производство во турските фабрики. „Опремата ќе биде испорачана во готов вид“, додаде изворот.

Според него, во периодот септември-октомври 2019 околу стотина припадници на турските вооружени сили ќе пристигнат во центарот за обука на руското Министерство за одбрана во Гатчина кај Санкт Петербург. Таму ќе имаат петмесечна обука за одржување и користење на системот С-400.

Изворот објасни дека програмата за обука на странска војска за користење на противвоздушна опрема главно е ограничена на три месеци, меѓутоа „имајќи ја предвид техничката комплексност на системот С-400“, одлучено е траењето на обуката на турските војници да се продолжи на пет месеци.

Претходно турското Министерство за одбрана соопшти дека почетокот на инсталирањето на руските противвоздушни ракетни системи С-400 во Турција е планирано за октомври 2019.

Турција и Русија потпишаа кредитен договор за испорака на системите за ракетна ПВО од типот С-400 во декември минатата година. Според договорот, Анкара ќе купи две батерии кои ќе ги опслужува турски персонал.

Прочитајте повеќе: Турција соопшти кога ќе ги распореди руските противвоздушни системи С-400

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња