Генералниот директор на Научно-истражувачкиот институт НИИП „В. В. Тихомиров“ Јуриј Бели даде изјава за руската телевизиска станица „Ѕвезда“ која се однесува на уникатните тактичко-технички способности што ги поседува повеќенаменскиот авион-ловец Су-57.
Конструкторот остакнува дека благодарение на напредните радарско-набљудувачки и електронски компоненти кои се дел од целиот овој комплекс, авионот е способен да зафати до 30 воздушни цели вклучувајќи и крстосувачки ракети. Таквата можност стана реална кога ги распоредивме радарските антени по целиот корпус на леталото, истакнува воздухопловниот конструктор.
„До појавувањето на авионот Су-57, како кај нас, така и кај нашите странски партнери, постоеше само еден локатор кој се наоѓаше во носниот дел на авионот“, напоменува генералниот директор на НИИП.
НИИП „В. В. Тихомиров“ претставува руски научно-истражувачки институт специјализиран за развој на системи за управување со вооружувањето кои се дел од современите и перспективни борбени летала како и на мобилните ПВО-системи со среден дострел. За авионот-ловец од петта генерација Су-57 овој институт ја конструираше компактната радарска станица со фазна антенска решетка Н036-Белка во комплет со системот за управување со оган Ш-121. Според досегашната спецификација овој радар со интегрираниот систем за управување со огнот може да следи до 62 различни непријателски цели (вода-воздух-земја), од кои истовремено може да нападне 20 (16 во воздух и 4 на копно).
Су-57 е повеќенаменски авион-ловец од петта генерација, проектиран и развиен од бирото „Сухој“ со примена на технологијата на намалена радарска рефлексија. Наменет е за борба против воздушни, копнени и поморски цели на непријателот кои се заштитени со ПВО-средства, како и за операции за длабинско извидување и уништување на системите за командување и управување со авијацијата на непријателот.
Првите оперативни авиони Су-57 се очекуваат во единиците на ВКС во 2019 година.