Сјајни кадри: Авионите за „третата светска војна“ снимени од досега најкратко растојание

Youtube
На интернет се појави видеоматеријал кој прикажува два ловци од петтата генерација Су-57 снимени од рампа на воено-транспортен авион Ан-12 . Благодарение на специфичната позиција на снимателот се забележани навистина убави кадри со перспективните борбени машини.

На видеоснимката објавена на телевизискиот канал „Ѕвезда“ е прикажан лет на борбени авиони од петтата генерација Су-57, кои се појавија во пар. Видеоснимката е направена од задната врата (рампата) на воено-транспортен авион Ан-12, благодарение на што камерманот успеа да сними сјајни детали.

Водителот на ТВ-каналот „Ѕвезда“ притоа ја забележува нивната специјална шема за маскирање која ја имаа овие авиони.

Су-57 е повеќенаменски авион-ловец од петта генерација, конструиран со употреба на технологија која му овозможува радарска невидливост. Овој авион го дизајнираа воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Ловецот може да се употреби против воздушни, копнени и поморски цели.

Британските новинари при опишувањето на вооружувањето кое може да го понесе овој руски авион предупредија дека станува збор за летало кое е проектирано за „третата светска војна“. Тој може да носи ракети од класата „воздух-воздух“ со дострел од 300 км, но и најнови ракети „воздух-земја“ и „воздух-вода“ кои летаат со хиперсонична брзина (ракетен систем „Кинжал“).

Прочитајте повеќе: Животот на пилотот нема цена: Во тек е развој на проект за беспилотна верзија на авионот Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња