„Национален Интерес“ се обидува да одговор кој ракетен систем е подобар: С-300 „Форт“ или „Стандард“

Тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“ во своето вооружување го има ПВО-системот С-300Ф

Тешкиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“ во своето вооружување го има ПВО-системот С-300Ф

Слободан Ѓукиќ
Американските експерти ги споредија борбените можности на бродските ракетни системи ПВО С-300Ф „Форт“ и „Стандард“.

Противвоздушната одбрана е еден од најважните сегменти на вооружувањето на еден борбен брод, пренесува американскиот портал „Национален Интерес“. Авионите вооружени со современи противбродски ракети и друго наведувано убојно оружје од класата „воздух-вода“ претставуваат голема опасност за површинската флота. Затоа усовршувањето на постојните и развојот на нови системи за заштита на бродовите од воздушниот простор е една од најважните задачи на кои мора да одговори воено-индустрискиот комплекс.

Авторите на овој текст нагласуваат дека противвоздушниот бродски ракетен систем „Форт“ е еден од најдобрите системи за ПВО кој се наоѓа во состав на руската Воена морнарица. Наменет е за борба против многу брзи и агилни воздушни цели на различни висини и кои се одликуваат со врвен маневар. Ракетите се истрелуваат од вертикалните лансери монтирани во трупот на бродот.  

Американските воени бродови се опремени со сличен систем кој ја носи ознаката „Стандард“ и кој постои во различни модификации. Воените експерти анализираа како се интегрирани овие комплекси во системот на вооружување кој се наоѓа на воените бродови.

Ракетата „Стандард“ е главното ПВО орудие на бродовите на американската Воена морнарица, се наоѓа во вооружувањето на разурнувачот „Арли Берк“ и ракетните крстосувачи „Тикондерога“. Ракетите се наоѓаат во специјални контејнери и можат да се лансираат без оглед на нивниот распоред. Од друга страна, ракетниот систем С-300Ф „Форт“ се наоѓа во специјално проектирани барабани во трупот на бродот, од кои секој има по осум транспортно-лансирни единици. За да дојде до лансирање на ракетата, барабанот мора да се сврти. На овој начин „Форт“ има помала борбена брзина на гаѓање¹ во однос на Мк 41 во кој се сместени ракетите „Стандард“. Исто така, рускиот систем е исклучиво наменет за водење борба против воздушни цели, додека лансирните уреди Мк 41 можат да користат повеќе видови ракети за потполно различна намена.

Што се однесува до самите ракети, тука главна улога има ефективниот дострел, т.е. радиусот на нивното дејство. Во текстот се напоменува дека модернизираната американска ракета која неодамна влезе во вооружувањето на нејзината морнарица има предност кога е во прашање максималниот дострел² во однос на рускиот пандан. Меѓутоа, авторот на текстот смета дека главната цел на руската Воена морнарица е одбрана на своите територијални води, затоа што нејзините морнари немаат потреба да поседуваат ракети кои имаат еднаков или поголем дострел од американските ракети.

¹С-300Ф „Форт“ може да лансира ракети на секои три секунди што и не е толку мала брзина на гаѓање.

² Американската ракета RIM-174 SM-6 ERAM (ExtendedRangeActiveMissile) има максимален дострел од 240-370 км. Рускиот модернизиран систем С-300ФМ „Форт-М“ во своето вооружување ги има ракетите 48Н6 со дострел од 150 км. Оваа модернизација дозволи употреба на уште поквалитетните ракети 48Н6Е2 кои се исти како и ракетите кои се лансираат од копнениот систем С-300 ПМУ-2. Дострелот на оваа ракета е 200 км.

Прочитајте повеќе: Најубиствената поморска комбинација: Хиперсонични ракети на најголемиот руски крстосувач

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња