Ракетата Лајнер, според своите боеви глави, е подобра од Булава. Извор: PhotoXPress
Програмата за летачки тестирања на балистичките ракети Лајнер беше завршена во 2011 година. Направени се две пробни лансирања на ракетите кои потоа беа оценети како успешни. Се очекува дека во составот на вооружувањето на подморницата Делфин новиот Лајнер ќе се користи исто како и модернизираните балистички ракети Синева. Лајнер е всушност малку модификувана верзија на ракетите Синева. Таа ги има истите летачки карактеристики како и Синева, но има посовремен систем за пробивање на противракетната одбрана и поголем домет. Во новата ракета е предвидена можноста за комбинирање на боевиот товар.
Лајнерот може да носи од 9 до 12 боеви блокови со мал капацитет, со што ги надминува боевите глави на ракетата Булава, а според ударната моќ и тежината, и сите современи стратешки ракети на цврсто гориво од Велика Британија, Кина, Русија, САД и од Франција. Притоа боевите блокови можат да бидат монтирани истовремено со комплекс средства за пробивање на противракетна одбрана.
Според претставник на флотата, ракетите Лајнер ќе бидат потребни сè дури подморниците од следната генерација – од проектот Бореј со ракети Булава – се градат. На тој начин „морските стратешки сили на Русија остануваат на современо ниво“. Моментално се прифатени две подморници од проектот Бореј, третата минува низ државни тестирања, а четвртата се гради.
Според податоците од достапните извори, R-29RMU2.1 е ракета долга околу 15 метри, со размер од 1.9 метри, а масата при лансирањето е над 40 тони. Ракетниот систем Лајнер овозможува плотунско и поединечно лансирање на ракети за време на движење на подморницата на длабочина од 55 метри и со брзина од седум јазли.
Иако некои воени лица (на пример, Владимир Есин, поранешен началник на генералштабот на Ракетните единици за стратешка намена) сметаат дека Лајнерот е директен конкурент на Булава, иако тоа не е сосема така. Не е лошо да се споредуваат, но тие конструктивно се разликуваат: Синева и незиниот „наследник“ Лајнер се ракети на хемиско гориво, а Булава лета на цврсто гориво. Освен тоа, овие ракети имаат различна тежина и големина: Синева е потешка (во најмала рака за 4 тона) и поголема (за околу 3 метра).
Според податоците од воени извори, не се планира во иднина да се развиваат ракетите Лајнер, иако тие имаат своја предност пред Булава. Русија има план во иднина да прави ракети токму на цврсто гориво, зашто ракетите на хемиско гориво, иако се помоќни од оние на тврдо гориво, се опасни за време на користењето, особено во услови на флота.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче