Рускиот крстосувач „Петар Велики“ впловува во Санкт Петербург заради учество во парадата на бродовите посветена на Денот на Воената морнарица на Русија.
Лав Федосеев/TASSТешкиот нуклеарен ракетоносец „Петар Велики“ во 2019 година ќе биде повлечен во бродоградилиште каде ќе го помине целиот процес на модернизација и ќе добие ново вооружување.
„Петар Велики“ е главниот брод на списокот кандидати за добивање на првите хиперсонични ракети на светот од класата „Циркон“. Тоа оружје може да ги совлада сите постоечки и перспективни системи за противракетна одбрана. Благодарение на него овој воен брод ќе стане неосвоиво и исклучително убиствено „морско чудовиште“ во радиус од 2500 километри, колку што е дострелот на овие ракети“, изјави за порталот Russia Beyond Дмитриј Сафонов, поранешен воен аналитичар на весникот „Известија“.
Овој брод има депласман од 25800 тони, долг е 250 метри и широк 28,5 метри. Нормалното функционирање на овој џин го обезбедува екипаж од 760 луѓе.
„Бродот поседува цел спектар различни системи на вооружување. Има 20 лансери за противбродски ракети „Гранит“, систем за противракетна одбрана С-300 и противвоздушни системи „Кинжал“ и „Кортик“, додава експертот.
Аналитичарот истакнува дека бродовите од овој проект (1144 „Орлан“) се единствените големи руски воени бродови кои имаат мотор на нуклеарен погон со сила над 100 мегавати.
Тој истовремено истакнува дека во тек е изградба на нови модерни нуклеарни бродови и мразокршачи кои ќе пловат по Арктикот и Северниот морски пат и ќе имаат посилни мотори од „Петар Велики“.
УСС „Принстон“, ракетен крстосувач од класата „Тикондерода“ на пат од Сан Диего (Калифорнија, США) со ударна група воени бродови на шестмесечно дежурство во западниот дел на Тихиот Океан“, 5 јуни 2017 година.
ReutersИ покрај својата моќ, „Петар Велики“ сепак ќе биде послаб од својот американски „побратим“ сѐ додека не помине низ темелна модернизација.
„Американската морнарица има ракетни крстосувачи од типот „Тикондерога“ кои се начичкани со секакво оружје“, вели за Russia Beyond воениот аналитичар на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин.
Американската морнарица сада има 22 брода од оваа класа. Нивниот депласман е тројно помал (9800 тони) од депласманот на „Петар Велики“, но еден американски брод може да носи 122 ракети од типот SM-2, SM-3, SM-6 и крстосувачки ракети „Томахавк“ кои се слични на руските ракети „Калибар“.
„Секој од тие бродови носи по 8 лансери за противбродски ракети и мноштво митралези од голем калибар и артилериско орудие за боба против воздушни цели во низок лет. Според тоа, не се толку битни димензиите на бродот колку што се високотехнолошките системи за вооружување на нив“, додава аналитичарот.
Според него, клучната предност на еден таков брод во споредба со „Петар Велики“ е поширокиот спектар на вооружување и крстосувачките ракети што ги поседува, а кои рускиот брод може да ги добие по модернизацијата во 2019 година.
„Меѓутоа, Американците исто така планираат модернизација на своите ракетни бродови и нивно опремување со современо оружје. Само прашањето е дали планираните 300 милијарди долари ќе бидат потрошени на модернизација на старите или изградба на нови бродови – тоа допрва треба да го решат претседателот на САД и американскиот Конгрес“, истакнува Литовкин.
Како што нагласува тој, додека Американците размислуваат, Русија има шанса да го добие најмоќниот брод вооружен со хиперсонични и крстосувачки ракети.
Кралскиот разурнувач на Воената морнарица на Велика Британија „Деринг“ ја напушта кралската поморска база во Портсмут.
ZUMA Press/Global Look PressКога „Петар Велики“ ќе биде модернизиран и вооружен со хиперсонични ракети „Циркон“, дури ни толку модерниот и единствениот британски морски џин како што е „Деринг“ (Daring Type 45) нема да може да му се спротивстави на рускиот ракетен крстосувач, тврди Литовкин.
Се смета дека наведениот британски брод е најмоќното „морско чудовиште“ на англиската флота по носачите на авиони.
За разлика од „Петар Велики“ и американските „Тикондерога“, во основната варијанта на разурнувачот од типот 45 „Деринг“ нема ударни и противбродски средства затоа што главната задача на овој брод е заштита на останатите воени бродови од напади од воздух. Меѓутоа, експертите истакнуваат дека на „Деринг“ му е потребно да помине само неколку месеци во бродоградилиштата во Велика Британија по што и тој ќе може без проблем да носи крстосувачки ракети „Томахавк“.
„Другите бродови на НАТО имаат офанзивна улога. „Деринг“ е еден од најновите бродови направени на почетокот на 21 век. Тој е технолошки понапреден од рускиот и американскиот брод благодарение на дигиталните и радарските системи што ги поседува“, смета Сафонов.
Според него, бродот има систем за противвоздушна одбрана со кој миже истовремено да следи 1000 цели во радиус од 400 километри. Системите за ПВО што ги поседува бродот можат истовремено да гаѓаат 16 цели.
„Деринг“ има 48 противвоздушни ракети чиј дострел е 120 километри, поради што тој е одлично средство за заштита на носачите на авиони и останатите придружни воени бродови и подморници, а истовремено е и незаменливо средство за набљудување и извидување“, заклучува Сафонов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче