Колку ракети Русија истрела од море врз терористите во Сирија?

facebook.com/mod.mil.rus//Global Look Press
Руската Воена морнарица истрела повеќе од 100 ракети, помагајќи во борбата против терористите во Сирија, изјави главниот командантот на морнарицата Владимир Корољов во четвртокот, 8 февруари.

„За време на операцијата на силите на руската Воена морнарица, извршени се повеќе од 10 ракетни напади со примена на повеќе од 100 ракети и уништени се повеќе од 80 објекти на нелегалните вооружени формации“, изјави Корољов. Тој додаде дека е увежбана примена од море на крстосувачките ракети „Калибар”.

Според него, за време на операцијата руската Воена морнарица првпат во историјата стекнала искуство во борбена примена на бродската авијација. „Бродската авијација од „Адмирал Кузнецов“ реализираше повеќе од 400 борбени летови. Уништени се повеќе од 1300 цели на нелегалните вооружени формации“, истакна тој. Корољов додаде дека сите овие сили се применети првпат по Втората светска војна.

Погледнете го видеото: Како руски Су-25 избегна напад од терористи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња