Министерството за одбрана на РФ објави податоци за бројот на ловци Су-35 во руското воздухопловство

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Заменик-министерот за одбрана на Русија Алексеј Криворучко ги објави податоците за бројот на повеќенаменски суперманеварски ловци од генерацијата 4++ Су-35 во состав на вооружувањето на Воздушно-космичките сили на Русија.

Криворучко соопшти дека единиците на Воздушно-космичките сили на Русија добиле преку 60 авиони Су-35С, чија пробна експлоатација до денес е веќе завршена, пренесува РИА „Новости”.

Заменик-министерот истакна дека пилотите кои го користеа Су-35С во Сирија високо ги оцениле борбените и експлоатациски карактеристики и квалитетот на овие авиони.

Претходно стручњаци од Запад предвидоа дека Су-35 ќе стекнува сѐ поголема популарност меѓу странските купувачи.

Су-35 е познат како „кошмар” на американското воено воздухопловство и како  „најнапредниот” руски ловец.

Погледнете ги сите тајни на Су-35 во една видеоснимка