Су-35С
Виталиј В. КузминЗа разлика од својот роднина Су-30-СМ, кој може да работи во тим, Су-35 е чист ловец наменет за стекнување надмоќ во воздухот и за чистење на небото од непријателски летала. Авионот со таа цел е добро опремен: радарот е способен да детектира цели на растојание од 400 километри, а наведуваните ракети со голем дострел го соборуваат пред непријателот да сфати што се случува. Моторите со променлив вектор на потисок и вкупна влечна сила од над 17 тони му даваат на ловецот Су-35 исклучителни маневарски способности. Фигурите кои овој авион ги изведува во показните летови ги воодушевуваат посетителите на саемите за воздухопловство ширум светот, а во воздушните битки ваквата способност за маневрирање, кај која изгледа дека не постои инерцијата, му дава на ловецот клучна предност. Максималната брзина на Су-35 е 2500 километри на час.
Благодарение на напредниот систем за електроника авионот може рамноправно да води битка со ловците од петта генерација и стелт технологија за него не претставува проблем. На 12 точки за носење оружје Су-35 може да носи до 8 тони товар. Својата ефикасност ја потврди во Сирија. Американскиот магазин „Национален Интерес“ го вбројува овој авион меѓу најопасното руско оружје. Тој е смртоносен за повеќето авиони на НАТО благодарение на големиот број ракети од класата „воздух-воздух“ и можноста за нивна примена при суперсонични брзини, смета американски аналитичар.
Исклучителните борбени карактеристики на овој авион предизвикуваат интерес кај купувачите од странство. Првата серија Су-35 замина за Кина, а неодамна договор за испорака на овој авион со Русија склучи и Индонезија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче