Руското и кинеското вооружување се супериорни во однос на американското во поглед на дострелот, изјави генерал Џон Мјуреј, началник на Командата за иднина на американската војска (US Army Futures Command).
„Русија, а во многу случаи и Кина, имаат надмоќ во дострелот над повеќето наши борбени системи“, ги пренесуваат медиумите неговите зборови.
Тој истакна дека Русија и Кина вршат истражувања со цел производство на ракети „воздух-воздух“ со кои би било можно да се уништуваат цели групи ловци од петта генерација F-35 Lightning II.
Руската артилерија исто така има предност во дострелот, додава Мјуреј, истакнувајќи дека успесите на Москва на ова поле би морале да бидат „сигнал за тревога“ за Америка.
Командата за иднина на американската војска инаку беше основана во јули оваа година како највисоко тело за анализа на приоритетите за модернизација на вооружените сили на САД. Се фокусира на шест најважни области: прецизно дејство од големи растојанија, борбени возила од следна генерација, идни платформи со способност за вертикално полетување, воени комуникациски мрежи, капацитети на ракетната и противвоздушната одбрана и убоитост на војниците.
Во септември „Национален Интерес“ соопшти за модернизацијата на руската „божествена“ артилерија. Под овој поим се подразбира артилериска муниција со самонаведување и ТВ-наведување, со што се постигнува извонредна прецизност и тоа по помала цена отколку што тоа би бил случајот со крстосувачките ракети. „Национален Интерес“ исто така е загрижен дека рускиот самооден минофрлач со калибар 240 мм 2С4 „Туљпан“ и самоодната хаубица со калибар 203 мм 2С7 „Пион“ би можеле да користат тактичка нуклеарна муниција.
Претходно медиумите соопштија дека САД започнале да прават нова верзија на самоодната хаубица М109 која би имала поголем дострел и на тој начин би можела да се натпреварува со руските конкуренти.
Во март во САД соопштија дека Русија има предност по бројот и дострелот на своите артилериски системи. Тогаш аналитичарот на корпорацијата „Ранд“ Џон Гордон потсети дека „артилеријата е ударната тупаница на руската армија уште од царско време“.