Снимката од лансирањето на „Бастион“ предизвика реакција во Британија

Скриншот

Видеоснимката од вежбите на Северната флота, на која се гледа функционирањето на крајбрежниот комплекс „Бастион“, го уплаши британскиот таблоид „Дејли Експрес“, кој констатира дека Русија „се заканува со трета светска војна“.

Насловот на статијата гласи: „Русија се заканува со трета светска војна – Путин го одобри првото лансирање на суперсоничните ракети“. Не се прецизира дали одобрението е издадено за вежбовни цели, а статијата е илустрирана со колаж на кој се гледа рускиот претседател Владимир Путин пред ракети во лет.

„Видеоснимката која ја замрзнува крвта во жилите прикажува лансирање на суперсонични противбродски ракети „Оникс“ од островот Котељни“, се наведува во статијата.

Текстот истакнува дека лансирањето се одиграло на Арктикот, што коинцидира со соопштенијата на Москва за присуство на минерални резерви под арктичкиот мраз. Во статијата не е објаснето на кој начин ова е поврзано со лансирањето на ракетите.

На крај се наведува како во текот на тактичките вежби на Арктикот Северната флота првпат го користела крајбрежниот ракетен систем „Бастион“. Гаѓањето е извршено врз мета во Лаптевското море, оддалечена 60 километри од „Бастионот“.

Видео: Северната флота прва уништи мета на Арктикот со системот „Бастион“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња