„Путиновиот куршум“: Во САД дознаа за руската „супермуниција“

Виталиј Анков/Sputnik

Русија се зафати со производство на артилериска „супермуниција“ со оптички систем за наведување, јавуваат американските медиуми.

Статија под наслов „Путиновиот суперкуршум: Дали Русија навистина развива артилериски гранати со оптичко наведување?“ се појавио во магазинот „Национален Интерес“. Новинарите обратија внимание на изјавата на менаџерот на „Техмаш“ за работата на проектот за нова муниција со калибар 152 мм за артилериски системи.

Статијата истакнува дека првите наведувани проектили влегоа во производство во текот на осумдесеттите години на минатиот век. Тогаш американските вооружени сили ги добија гранатите од типот М172 Copperhead кои подоцна беа користени во воената кампања против Ирак. 1986 година СССР ја направи артилериската наведувана ракета со калибар 152 мм „Краснопољ“.

Новинарите истакнуваат дека при правењето нова муниција Русија може да примени потполно нов пристап. Сателитски наведуваните бомби користат ГПС сигнал, но руските научници имаат намера да направат проектили кои би се наведувале со оптоелектронски систем.

Авторот на статијата се прашува дали новиот проектил ќе биде самонаведуван или операторот ќе го контролира „со помош на џојстик“.

Претходно заменик-генералниот директор на концернот „Техмаш“ Александар Кочкин соопшти дека во тек е работа над концептот на нов наведуван проектил со калибар 152 мм за артилериски системи. Проектилот по истрелувањето ќе лета по балистичка траекторија, а при доближувањето до метата ќе ја „коригира својата траекторија“ со помош на „сопствен контролен систем“. Се претпоставува дека новиот проектил ќе биде поевтин од наведувани ракети од типот на „Краснопољ“, но поскапи од конвенционалната артилериска муниција.

Прочитајте повеќе: Путин наложи да се тргне во развој на нови типови на вооружување

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња