Руските беспилотни летала наскоро би можеле да добијат вооружување во вид на бомби и специјално адаптирани фрлачи на гранати.
Како што соопштуваат медиумите, цитирајќи го истражувачко-производствениот концерн „Техмаш“ кој е дел од „Ростех“, во тек се истражувачки работи за потребите на производителите на беспилотни летала кои би можеле да бидат заинтересирани за интегрирање на наведените борбени системи.
Заменик-генералниот директор на концернот Александар Кочкин истакна дека меѓу направените производи има авиобомби чија маса се движи во опсег од 2,5 до 50 килограми. Освен тоа, тука се и фрлачите на гранати на компанијата „Базалт“ од составот на „Техмаш“ кои се специјално адаптирани за монтирање на беспилотни летала.
Исто така се наведува дека муницијата што ја произведуваат претпријатијата на наведениот концерн досега не биле тестирани за дејство од дронови.