Видео: Тестирање на најголемото офанзивно беспилотно летало во Русија

Телевизискиот канал „Ѕвезда” во емисијата „Военаја пријомка” прикажа снимка од руското тешко извидувачко-офанзивно беспилотно летало „Алтаир“ проектирано во рамките на проектот „Алтиус-М“.

Видеоснимката од тестирањето на „Алтаир“ е прикажана првпат. Се наведува дека овие тестирања се одржани зимата 2018 година. „Алтаир“ се гледа од 7:15 минута на снимката.  

„Алтиус-М” („Алтаир”) заеднички е проектирано од казанското кострукторско биро „Сокол” и петербуршката компанија „Транзас”. Беспилотното летало има два авио дизел мотори RED A03/V12 со сил од околу 500 коњски сили со пропелери. Долетот на беспилотното летало е околу 10 илјади километри, а траењето на летот му е најмногу 48 часа. Максималнат маса при полетување му е 5 тони, должината 12 метри, додека распонот на крилата изнесува 30 метри.

Фотографии од беспилотното летало беа претставени на интернет 2016 година.

Прочитајте повеќе: Значајно тактичко зајакнување: Руската армија добива ударни беспилотни летала „Форпост-М“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња