Руската производствена група „Кронштадт“, која има лидерска позиција во воено-индустрискиот комплекс специјализиран за производство на беспилотни летала, ја претстави својата варијанта на ударен дрон со среден домет „Орион-Е“.
Како што пишува познатиот интернет медиум Jane's, чии наводи ги пренесува информативната куќа РГ, „Орион“ ќе биде вооружен со нови типови наведувани ракети од класата „воздух-земја“ со маса од 50 кг. Едно беспилотно летало ќе може да понесе до четири вакви ракети со поединечна маса од 50 кг или две ракети со поединечна маса до 100 кг (вкупната носивост на дронот е 200 кг убоен товар). Според летечко-техничката спецификација ова летало ќе може да достигне висина од 7500 метри и да покрие борбен радиус со пречник од 250 км. Ефективното време на престој на леталото во воздух е до 24 часа.
Оптоелектронскиот систем на леталото е мошне силен и се состои од две термовизиски камери, широкоаголни телевизиски камери, како и ласерски далечинометар. Леталото во однос на видот на задачите може да се засили и со останата сензорика, како што е електронски извидувачки систем, фотокамера со висока резолуција или радар.
Уште една предност на беспилотното летало на рускиот производител е тоа што по примената тоа може да се расклопи и транспортира заедно со системите за техничка поддршка во единствен транспортен контејнер.
Покрај тоа, според британскиот интернет портал Jane's, производствената група „Кронштадт“ развива уште посовршена верзија на беспилотното летало со голем домет со ознака „Орион-2“. Неговата маса ќе изнесува цели пет тони и ќе има способност да се крене во стратосферата (максимална висинска граница на летот 12000 метри) и притоа да оствари брзина од 350 км/час.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче