Ural Limited Edition Transsib: Реплика на легендарниот „Урал“, со врвен дизајн и комфор

Урал

Реплика на легендарниот советски мотоцикл „Урал“ со бочна приколка - Ural Transsib Limited Edition, произведена во ограничена серија од вкупно дваесет примероци, беше претставена во Австрија.

Европските партнери на рускиот производител на познатите мотоцикли, инаку големи поклоници на „Урал“, осмислија необичен рекламен слоган за овој новитет: „Возењето во приколката на мотоциклот „Урал“ ќе биде подеднакво удобна како во купе од прва класа на „Транссибирскиот експрес“.

Внатрешноста и надворешниот изглед на мотоциклот на асоцираат на војничкото минато на машината, туку на исклучително удобните возови кои сообраќаја на трасата на Транссибирската железница. Однадвор зелени, однатре во елегантни смеѓи тонови, со раскошни седишта, овие возови можат да се најдат само во музеите,  а претставниците на австрискиот дистрибутер веруваа дека токму тоа е добитната комбинација за дизајн.  И судејќи според оцените во стручните списанија, добро процениле.

Мотоциклот има удобно седиште за возачот и совозачот, со тоа што второто е опремено со наслон за главата и рацете, две кожени куферчиња прицврстени од двете страни на бочната приколка, а тука е и канистерот со скриено шише вотка и четири чашки, како и ветробранското стакло и пелерината со патент која штити од непогоди.

За патувања на север, слични на условите во Сибир, предвидени се греени ракавици и крзнена вреќа за спиење која се наоѓа во багажникот и по потреба се користи во приколката, а ја изработија рачно стручњаци за опрема за планинарење.

Осумнаесетинчните тркала се опремени со гуми за сите видови патишта Heidenau K28. Интересно е што на рекламниот проспект покрај фотографијата на која јасно се гледа вотка, се вели дека совозачот може да повика сопатници на опуштен разговор со шолја најфин чај. Идејата со вотката инаку не е нова, во САД е претставена верзијата Ural Ambassador Limited Edition со пакет за прва помош во кој се наоѓа шише вотка, конзерва риба и пакување со гума за џвакање. Засега не е познато колку ќе чинат мотоциклите од серијата Ural Limited Edition Transsib. Во Русија моделот „Урал Си Ти“ на Ирбитската фабрика за мотоцикли чини 695 илјади рубли. Тој е опремен со четиритактен двоцилиндричен боксер мотор со зафатнина од 745 кубици и четиробрзински механичен ножен менувач, пренесуваат руските медиуми.

Прочитајте повеќе за 6 руски мотоцикли кои можат да се мерат со кој било „Харли Дејвидсон“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња