„Калашников” во 2019 година почнува со сериско производство на цивилни електрични мотоцикли

Полициски електричен мотоцикл „ИЖ”

Полициски електричен мотоцикл „ИЖ”

Калашников Медиа

Рускиот производител на оружје планира следната година да почне со сериско производство на цивилни електрични мотоцикли.

Претставник на концернот го најави рокот за почеток на продажбата на иновативните мотоцикли на електричен погон. Веќе во 2019 година новите мотоцикли ќе се најдат на пазарот.

„Овој мотоцикл следната година ќе влезе во сериско производство. Моделот се разви од нашата воена индустрија. Се работи за мошне сериозен производ за цивилна намена: електричен мотоцикл”, истакна претставникот на компанијата „Калашников”.

Исто така се наведува дека веќе се пристигнати првите големи нарачки од корпоративни компании. Меѓутоа, цената на новиот производ сѐ уште не е објавена, но се знае дека ќе зависи од километражата која возилото може да ја помине со полн акумулатор, како и од спецификацијата на превозното средство.

Претставниците на компанијата не ги објавија ниту техничките карактеристики на новиот модел. „Калашников“ претходно го претстави полицискиот електричен мотоцикл „ИЖ”. Неговата сила е 15 киловати или 20 коњски сили, а со полн акумулатор може да помине 150 километри.

Погледнете: „Калашников” презентираше електромотоцикли ИЖ за руската полиција

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња