Во САД се продаваат мотоцикли „Урал“ во комплет со вотка

Моделот Ural Ambassador Limited Edition е произведен во ограничен тираж од 25 примероци.

Фабриката за производство на мотоцикли „Урал“ од Ирбит ја презентираше новата верзија на мотоциклот „Урал“ за американскиот пазар, соопштува „Авторевју“.

Моделот Ural Ambassador Limited Edition, посветен на 75-годишнината на фабриката, е произведен во ограничен тираж од 25 примероци.

Новата верзија не се разликува според техничките карактеристики од останатите модели на „Урал“. Меѓутоа, има промени во опремата, во која се вклучени различни опции и додатоци. Главната особеност на мотоциклите од серијата е брендираната „прва помош“ која се состои од шише вотка, конзерва риба и пакување со гуми за џвакање“.

Цената на мотоциклот изнесува 16,5 илјади долари.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.