ИЖ „Планета 4“
А. Књазев/SputnikИЖ, еден од првите мотоцикли во Советскиот Сојуз, датира уште од доцните 1920-ти. Оттогаш се произведени неколку десетици модели на мотор ИЖ, а вкупни околу 11 милиони мотоцикли.
Еден од најуспешните модели беше ИЖ „Планета Спорт“. Првиот советски спортски мотоцикл се извезуваше во Велика Британија и Холандија, каде побарувачката беше голема.
„Калашников“
Производството на мотоцикли ИЖ во фабриката ИЖмото запре 2008 година. Денес мотоциклите ИЖ ги произведува концернот „Калашников“, кој наскоро ќе лансира нов модел - тешкиот мотоцикл за придружба кој ќе се користи во претседателската колона. Ќе има максимална брзина од 200 км/ч, а 100 км на час ќе може да развие за 3,5 секунди.
Восход 3М
А. Књазев/SputnikМотоциклите „Восход“ во советско време се користеа првенствено како работни мазги во руралните подрачја. Дури и денес во некои оддалечени руски села можат да се најдат мошне добро зачувани мотори „Восход“.
ТМЗ-5,951
А. Књазев/SputnikПрвиот „Тула“ е произведен 1984 година. Тоа беше првиот советски мотоцикл-теренец кој веднаш стана хит кај вљубениците во лов и риболов. Сепак, моделот не ги преживеа економски тешките 1990-ти и неговото производство запре 1996 година.
Легендарниот советски „Урал“ се користи и денес. Се работи за еден од ретките тешки мотоцикли кој како таков ужива голема популарност на Запад. На пример, холивудскиот актер Бред Пит е негов голем обожавател.
Тешките „Урали“ во СССР мораа да имаат странична приколка и единствено милиционерите можеа да бираат дали ќе ја користат или не.
Групата „Веломоторс“ е еден од најголемите европски производители на мотоцикли на четири тркала, моторни санки и велосипеди. А сега планира да заземе и значајни место на пазарот на мотоцикли. Линијата „Стелс“ веќе има 15 модели.
Младата компанија „Ирбис“ е основана 2001 година во Владивосток и многу бргу стана еден од лидерите на рускиот пазар на мотоцикли. Овие машини веќе претставуваат сериозна конкуренција на странските и домашните брендови – со нив нема многу работа околу одржувањето, а возилата се добро прилагодени на суровата руска клима.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче