Кога пристигнува мотоциклот од проектот „Кортеж“ во гаражата на Путин?

АО Концерн „Калашников“

Мотоциклот од проектот „Кортеж“ сѐ уште не е пристигнат во Гаражата за посебна намена во Кремљ. Во моментов се наоѓа во фаза на производство, а би можел да биде испорачан догодина, изјави за агенцијата РИА „Новости“ извор од руските безбедносни структури.

Раководителот на „Ростех“ Сергеј Чемезов претходно најави дека мотоциклот ќе биде пласиран на странскиот пазар под ознаката „Иж“. Како што истакна тој на „Петербуршкиот економски форум 2018“ сите испитувања сѐ уште не се извршени, прототип веќе постои, а во овој момент задачата е да се создаде иновативен производ во согласност со сите безбедносни барања.  

Семејството луксузни автомобили од проектот „Кортеж“ наменети за високите функционери го сочинуват лимузина, седан, минивен и теренец (догодина излегува од производство) базирани на единствена модуларна платформа. Проектот го реализира државниот институт НАМИ со помош на групата Sollers на Вадим Швецов и странски партнери. Државата вложи во проектот 12,4 милијарди рубли. Автомобилите на пазарот ќе ја имаат ознаката Aurus, а во слободна продажба ќе бидат на почетокот на идната година, со почетна цена од околу 10 милиони рубли.

Владимир Путин веќе се вози во лимузината од проектот „Кортеж“, а во претседателскиот конвој се наоѓаат седаните од овој проект. Во Хелсинки, каде неодамна се сретна со американскиот претседател Трамп, шефот на руската држава ја користеше лимузината од проектот „Кортеж“.  

Лимузината на Путин „Аурус Сенат“

Прочитајте повеќе: Новата лимузина на Путин „Аурус Сенат“ ја нарекоа „политичко оружје“ на Москва

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња