Новиот „Иж“ пријатно изненади: До „стотка“ за 3,5 секунди

kalashnikov.media
Првите сериски произведени мотоцикли „Иж“ ќе се најдат во продажба веќе во првото полугодие од наредната година.

Во обиколката на изложбата „Русија устремена кон иднината“ што се одржува во „Манеж“, претседателот на Русија Владимир Путин имаше можност да се запознае и со тешкиот мотоцикл „Иж“ кој  концернот „Kaлaшников“ го осмисли за потребите на проектот „Koртеж“.

Првата партија сериски произведени мотоцикли ќе се најде во продажба веќе во првата половина на наредната година, рече еден од директорите во државната корпорација „Ростех“ Василиј Бровко. Тежината на мотоциклот „Иж“ е 500 килограми, развива брзина до 250 км/ч, а од 0 до 100 километри забрзува за само 3,5 секунди. Освен  тоа „Иж“ е опремен со бензински мотор со сила од 110 киловати. Во моментов се наоѓа на тестирање.

Во рамките на проектот „Кортеж“ Научно-истражувачкиот институт за автомобили и мотори разви неколку автомобили за највисоките официјални лица и високи функционери врз единствена платформа. Освен споменатиот институт и „Ростех“, во проектот е вклучен и „Росавто“. Вложувањата во „Кортеж“ изнесуваат 12,4 милијарди рубли (181,8 милиони евра).

Првите 12 лимузини со ознаките Aurus и Russia ќе бидат произведени до крајот на годинава, а наредната година во продажба ќе се најдат седаните и теренците. Линијата на моторот ќе опфати неколку агрегати вклучувајќи и V8 со 650 КС и работен 4-цилиндричен мотор кој развива 250 КС. Најефикасен ќе биде 12-цилиндричниот турбомотор. Сите ќе работат во пар со 9-брзински автоматски менувач. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња