Екипажи на далекуметните бомбардери Ту-22М3 изведоа практични гаѓања со наведувани ракети на копнени мети во склоп на уништување на инфраструктурни постројки на хипотетички непријател, соопшти прес-службата на руското Министерство за одбрана во четвртокот.
„Полетувањето на далекуметната авијација е изведено од аеродроми во Мурманската област. Во текот на летот екипажите совладаа дистанца од преку 4000 километри. Сите мети на полигонот се успешно уништени“, се наведува во соопштението.
Како што се истакнува, вежбите на единиците на далекуметната авијација почнаа на 2 октомври во рамките на проверката на борбената готовност на руските Вооружени сили за 2018 година. Во нив учествуваат преку 30 екипажи на авиони Ту-160, Ту-95МС, Ту-22М3 и Ил-78.
Се наведува дека во текот на вежбите екипажите на авионите ќе усовршуваат и дејствија и процедури за релоцирање на оперативни аеродроми, воздушно надополнување на гориво и уништување на копнени мети на полигони.