Екипажите на стратешките ракетоносци Ту-160 и Ту-95МС изведоа летови со воздушно дополнување на гориво во текот на тактичките летечки вежби на далекуметната авијација, соопшти прес-службата на руското Министерство за одбрана во четвртокот.
Според министерството, траењето на летовите изнесувало од пет до десет часови, во текот на кои екипажите совладувале и до 8000 километри.
„Дополнувањето на гориво е вршено и дење и ноќе, на висини од преку 5000 метри и брзини од околу 600 километри на час со дополнително осветлување монтирано на танкерите и воздухопловите кои примаа гориво“, се наведува во соопштението.
Како што потенцира Министерството за одбрана на РФ, воздушната дополна на гориво е неопходен елемент во обуката на пилотите на далекуметната авијација, затоа што со тоа се остварува значително зголемување на борбениот радиус на операцијата, како и вршење на мисии на големи далечини од базите.
Вежбите на далекуметната авијација почнаа на 2 октомври во склоп на проверката на борбената готовност на руските Вооружени сили во 2018 година. Во нив учествуваат преку 30 екипажи на авиони Ту-160, Ту-95МС, Ту-22М3 и Ил-78. Во текот на овој потфат, екипажите ќе усовршат релоцирање на оперативни аеродроми, воздушна дополна на гориво, како и употреба на авијациско вооружување за уништување на копнени мети на полигон.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче