Дополнување во воздух - Ил-78 и Ту-95
Роман Денисов/Global Look PressНа снимката се прикажани современите стратешки бомбардери, нивно полетување и слетување, ефектно полнење на гориво во воздух и исфрлање на бомби, пренесува rg.ru.
Министерството за одбрана на РФ потсетува дека првата формација на руската стратешка авијација – ескадрата авиони „Илја Муромец“ – е формирана на 23 декември 1914 година. Таа ескадра во Првата светска војна изврши околу 400 борбени летови.
Во Втората светска војна екипажите на стратешките бомбардери реализираа околу 220000 борбени летови во кои врз непријателот се фрлени повеќе од 2 милиона авионски бомби.
„Денес во арсеналот на руската стратешка авијација се модернизираните стратешки бомбардери Ту-22М3, стратешките ракетоносци Ту-160 и Ту-95МС, авионите за дополна на гориво Ил-78 и други типови авиони“, истакнува министерството.
Прочитајте какви ќе бидат можностите на новите стратешки бомбардери
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче