МиГ-31
Донат Сорокин/TASSПолнењето на гориво во воздух е операција што бара најголема прецизност и голема летачка умешност. Борбениот авион на брзина од 500 км/ч внимателно му приоѓа на воздушниот танкер на 10-15 метри, го лови конусот на крајот на цревото и не се поместува додека не го наполни резервоарот.
Летечкиот танкер Ил-78 малку се разликува од попознатиот транспортен авион Ил-76. Малите авиони се полнат со брзина од 900 литри во минута, а поголемите со 2200.
Пилотите на воениот аеродром кај Воронеж вежбаа „на суво“. За четири дена 120 пати полнеа гориво. Авионите заземаа позиција зад танкерот, бараа дозвола, чекаа зелено светло и полека му приоѓаа на конусот, а потоа ослободуваа место за другите авиони.
Прес-службата на Западниот воен округ објави видеоснимка од овие вежби.
Погледнете уште едно видео со МиГ-31.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче