Според извори на американскиот Интернет-портал „Драјв“ започната е фазата на опитно-конструкторска работа над специјално проектираниот летачки објект кој всушност треба да биде пресретнувач на хиперсонични проектили како што е на пример рускиот „Кинжал“. Како што пренесува Интернет-порталот на РИА Новости, основната цел на американската компанија DARPA е развој на кинетичките пресретнувачи Glide Breaker кои ќе уништуваат ракети што леатаат со хиперсонична брзина, и тоа со сила на кинетички удар. Според првите информации, објектот Glide Breaker ќе има способност директно да ја погоди својата мера без да користи шрапнелно високоексплозивна боева глава каква што обично користат ракетит за ПВО/ПРО.
„Основната цел на пограмата Glide Breaker е проширување на борбените способности на противракетната одбрана на војската на САД кога станува збор за борба со хиперсонични објекти“, истакнаа неодамна од информативната служба на агенцијата DARPA која го започна развојот на овој проект.
Американскиот Интернет-портал наведува дека американската војска е вознемирена од новата генерација на ракетно оружје со хиперсонични карактеристики (ракетните комплекси „Авангард“ и „Кинжал“), кои неодамно беа претставени во Руската Федерација. Покрај Руската Федерација и НР Кина исто така прави исчкеор во развојот на сопствено хиперсонично оружје.
Претходно командантот на Северната команда на армијата на САД, како и командата на воздушно-космичката одбрана на Северна Америка, генерал Теренс О'Шонеси истакна дека копнениот простор на САД во овој момент е незаштитен од најновата закана што доаѓа од Русија и од Кина.
„Ние сме должни фундаментално да ја осмислиме одбраната на нашата држава, како и нашата борба со непријателот кој по сила е еднаков со нас“, истакна тој на конференцијата која беше одржана под патронат на Националната гарда на САД.
Еден од потенцијално ефикасните пресретнувачи на непријателските хиперсонични објекти, е американскиот ловец од четвртата генерација F-16. Според генералот овие авиони претставуваат одлична платформа доколку нивниот радарско-електронски блок се зајакне со радарска антена која би имала активна фазна решетка.
Исто така се споменува дека корпорацијата Lockheed Martin од военото воздухопловство на САД има добиено задача да осмисли и да развие нов хиперсоничен аеробалистички проектил. Оваа корпорација ја развива хиперсоничната аеробалистичка ракета Air-Launched Rapid Response Weapon – ARRW која би требала да биде одговор на рускиот хиперсоничен аеробалистички ракетен систем „Кинжал“. Финансиската тежина на целиот овој проект сѐ уште не е дефинирана, но се претпоставува дека таа може да достигне сума од половина милијарда американски долари (околу 480 милиони американски долари). Паралелно со овој проект американската компанина Lockheed Martin развива и концепт за хиперсоничната ракета Hypersonic Conventional Strike Weapon – HCSW за која е планирана сума од околу 928 милиони американски долари. И двата проекти би требало да завршат до 2021 година, кога и САД во своето вооружување би требале да имаат хиперсонични ракети, но според мислењето на воениот експерт Владимир Карјакин станува збор за мошне оптимистичка временска рамка која тешко дека ќе се реализира во следните 2-3 години.
„Трката во вооружувањето веќе на големо се одвива и нашите потенцијални противници сакаат да го анулираат сериозниот недостаток кога станува збор за хиперсоничното ракетно оружје. Ова е особено нагласено по усвојувањето на аеробалистичката хиперсонична ракета „Кинжал“ во оперативната употреба на нашата војска. Тие сакаат да ја пополнат оваа празнина која 'зјае' во нивниот ракетен борбен арсенал, а наше е внимателно да го следиме развојот на настаните“, изјави експертот.
Според Карјакин за развојот и подоцнежното испитување на серијата хиперсонични ракети кои ги планираат САД, потребно е да се минат најмалку пет години. Значи, САД потенцијално би можеле да имаат хиперсонична ракета како што е рускиот „Кинжал“ некаде помеѓу 2023 и 2024 година.
Потсетуваме дека претседателот на Русија Владимир Путин во неодамнешното годишно обраќање кон Федералното собрание зборуваше за руското хиперсонично оружје. Во таа пригода, меѓу другото, тој истакна дека Русија на почетокот на декември успешно го тестирала воздухопловното хиперсонично оружје ( системот „Кинжал“) кое е десет пати побрзо од звукот, кому ниту една ПВО ништо не му може, и кое по успешното тестирање го воведе во оперативното вооружување во воздухопловните бази на југот од земјата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче