Минувачите на крајниот исток на Русија снимија маневри на авион Су-35 при минимална брзина.
Руски повеќенаменски борбен авион од четвртата генерација Су-35 учествуваше во вежба за демонстрација на претстојниот Источен економски фоурм.
На видеоснимката поставена на „Јутјуб“ може да се види Су-35С како речиси лебди над островот Руски во Приморскиот крај. Авионот при минимална брзина изведуваше акробации, како во самостоен лет, така и во пар.
Су-35С е руски повеќенаменски авион-ловец со високи маневарски способности од генерацијата 4++. Го произведува компанијата „Сухој“.
Генерација 4++ денес е неизоставна и укажува на тоа дека во севкупноста на своите особини Су-35 е многу близу до авионите од петта генерација. Со исклучок на „стелт“ технологијата и радар со активна фазна решетка (АФАР), тој ги поседува сите други карактеристики на авион од петта генерација.
Су-35 влезе во оперативна употреба 2014 година. Денес руските Вооружени сили поседуваат 68 вакви ловци во својот арсенал.
Четвртиот Источен економски форум ќе биде одржан на кампусот на Далечноисточниот федерален универзитет на островот Руски во периодот од 11 до 13 септември.
Меѓународната информативна агенција „Русија денес“ (Russia Today) е генерален информативен партнер на Источниот економски форум.