Руските противавионци ја одбранија 201 воена база од масовен напад на крстосувачки ракети

Слободан Ѓукиќ

Противвоздушните единици кои се наоѓаат во состав на 201 воена база во Таџикистан извршија покриваше на овој објект од потенцијален напад на условен противник со голем број крстосувачки ракети и беспилотни летала. Ова во петокот го објави информативната служба на Централниот воен округа, пренесува интернет порталот ТАСС.

„Со елементи на противвоздушната одбрана (неколку батерии) увежбувавме сценарио за заштита на 201 воена база, поточно на сите нејзини објекти од потенцијален воздушен напад на условен непријател, во многу сложени временски услови, кое е дополнително отежнато со интензивно електронско попречување.

„Артилериските екипажи на топовите ЗУ-23 имаа задача да се борат против крстосувачки ракети, нисколетечки цели и беспилотни летала. Тие мораа да ги покажат своите дејства од фиксна, но и од мобилна позиција во текот на своето движење“, истакнаа од информативната служба.

Во Таџикистан почнаа воени вежби во кои се ќе провери и уште повеќе ќе се подигне генерално добрата обученост на руските екипажи на противвоздушните артилериски и ракетни системи. Во нив учествуваат околу 100 војници со 20 единици борбена техника. „Во рамките на овие вежби ќе се употребат и военотранспортни хеликоптери Ми-8, кои ќе имитираат нисколетечки цели“, се наведува во известувањето на ЦВО.

201 воена база, сместена во Душанбе и Курган-Тубе, е најголемиот воен објект надвор од границите на Русија. Врз основа на спогодбата склучена во октомври 2012 година, единицата во Таџикистан ќе биде сместена до 2042 година.

Погледнете го видеото: Борбена авијација, стотици тенкови, илјадници војници: Маневри на ШОС „Мировна мисија-2018”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња