Ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“
Фјодор Борисов/Transport Photo ImagesВо текот на големите воени вежби на руската Воена морнарица и Воздушно-космичките сили од 1 до 8 септември во Средоземното море ќе бидат употребени артилериски и ракетни борбени средства, предупреди руската војска.
Главниот командант на Воената морнарица на Русија Владимир Корољов соопшти дека главната цел на оваа голема воена вежба ќе биде проверка на единиците за противвоздушна одбрана, потоа решавање на задачи кои се однесуваат на заштита на морските комуникации, борба против пирати и давање помош на бродови на отворено море, пренесуваат руските медиуми.
„На маневрите ќе учествуваат 26 воени пловила меѓу кои две подморници и 34 летала“, изјави адмиралот, а команден брод ќе биде крстосувачот „Маршал Устинов“ на Северната руска флота.
Местото на одржување на маневрите ќе биде прогласено за опасно за морски и воздушен сообраќај.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче