Како руските „црни дупки“ гонеа британска подморница покрај бреговите на Сирија

Британска подморница Astute

Британска подморница Astute

mv3/ZUMAPRESS/Global Look Press
Руски подморници и воени бродови со денови следеле британска офанзивна подморница по Средоземното море, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на свој извор во воените кругови. Рускиот адмирал Владимир Валуев потврди дека оваа операција навистина се случила.

Според пишувањето на весникот „Тајмс“, настаните се одвивале во источниот дел на Средоземното море во време кога премиерот на Велика Британија Тереза Меј ја носела одлуката за напад врз Сирија. Весникот пишува дека британската подморница вооружена со крстосувачки ракети ја следеле една или дури две руски подморници, кои на Запад ги нарекуваат „Црни дупки“, бидејќи се речиси незабележливи. Британската подморница ја држеле на око и два руски воени брода и еден авион.

Подморницата од класата Astute во обидите да се сокрие наводно изгубила неколку дена. „Тајмс“ додава дека овој инцидент е првиот британско-руски „подводен двобој“ што се одиграл пред нападот врз Сирија.

Британските медиуми понатаму пренесуваат дека нивната подморница била чувана од американската морнарица, а авион Р-8 го следел движењето на руските сили. Инаку, во нападот врз Сирија оваа подморница не учествувала, а ја следеле руски подморници од проектот „Вашавјанка“, пишуваат Британците. Руската војска не крие дека покрај бреговите на Сирија сега дежураат две подморници на Црноморската флота - „Велики Новгород“ и „Колпино“. 

Дизел-електрична подморница „Варшавјанка“ од проектот 636.3

Следењето на британската подморница во Средоземното море е изведено професионално, го коментира случајот поранешниот командант на Балтичката флота адмирал Владимир Валуев.   

„Потрага по британска подморница навистина имаше и следењето е многу успешно изведено", изјави адмиралот за РИА „Новости“. 

„Задачата беше да не се дозволи британската подморница да изведе напад врз Сирија, а во тоа учествуваа и руски воени бродови и поморска авијација“, продолжува Валуев. Две руски фрегати ја „повеле“ британската подморница кон „црна дупка“, која потоа ѝ се закачила и ги пренесувала податоците за движењето до противбродската авијација, авионот Ил-38. Накратко, британската подморница никако не можела да се скрие од Русите.

„И треба да знаат дека ние ги следевме своите потенцијални противници, ги следиме и ќе продолжиме да ги следиме“, вели рускиот адмирал.  

Треба да се додаде дека сите британски ракети лансирани врз Сирија беа соборени. Беа истрелани од авиони „Торнадо“, додека Американците ги истрелаа ракетите од своите подморници.

Прочитајте повеќе: Русите работат на проектот на наследник на „морскиот змеј“ или „убиец на подморници“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња