Путин остана рамнодушен спрема дрангулиите во лимузината „Аурус“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Кога претседателот на Русија Владимир Путин си избираше лимузина, не бараше дополнителни „дрангулии“, туку беше со максимални барања по повод безбедносните карактеристики и квалитетот на автомобилот, вели рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.

„Нашиот претседател е многу приземен човек. И најмалку внимание ќе обрне на некои, пардон, дрангулии“, ги пренесуваат руските медиуми зборовите на Мантуров.

Министерот кажа и кои биле барањата на Путин.

„Тоа да биде квалитетен автомобил и да не се срами да им го предложи на своите колеги“, рече министерот.

Претходно министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров изјави дека сериски произведените автомобили од проектот „Кортеж“ ќе чинат повеќе од десет милиони рубли (околу 143000 евра) и ќе бидат 20% поевтини од „Ролс Ројс“ и „Бентли“, а поскапи од основната верзија на „Мерцедес С“ класата.

Прочитајте повеќе: Во Путиновата колона од автомобили ќе биде и новиот кросовер од проектот „Кортеж“