Според зборовите на авторот на статијата, Владимир Путин и Доналд Трамп ги спојува „истата љубов спрема врвни автомобили“.
Во текстот се истакнува сличноста на новиот Путинов автомобил, лимузината од проектот „Кортеж“, со луксузните модели како што се британскиот „Ролс-Ројс Фантом“ и „Ролс-Ројс Гоуст“, како и дванаесетцилиндричниот мотор на руското возило, повеќепати посилен од моторот V8 со кој е опремен Трамповиот „Кадилак“.
Автомобилот на американскиот претседател, познати и како „Ѕвер“, е потежок 1,5 тони од „Кортеж“, но тешко дека заостанува зад него во модерните комуникациски технологии и заштитата.
Како што се наведува, Трамп летово би можел да добие нов „Ѕвер“, за чиј развој се издвоени 15,8 милиони долари, па така авторот на тестот заклучува дека Русија нема уште долго да биде пред Америка.
Владимир Путин првпат ја користеше руската лимузина од проектот „Кортеж“ на 7 мај кога во ова возило пристигна на претседателската инаугурација во Големиот Кремљовски дворец.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче