Разоткриени тајните на работата над претседателскиот „Кортеж“

Сергеј Гунеев/Sputnik
Припадниците на Федералната служба за обезбедување ги открија тајните на работата над проектот „Кортеж“ во книгата „Автомобилите на највисоките државни функционери“.

Есента 2012 година почна работата над идејниот проект. На првите нацрти лимузината имаше футуристички облици и архитектура на каросеријата на хечбек. Во понатамошната работа дизајнерите му се вратија на покласичниот седан, но пропорциите и облиците и понатаму беа динамични и смели. Во декември 2012 година е донесена одлука за развоја на класичен седан, а би можело да се каже и на конзервативен облик, нагласува претставник на ФСО. Како што истакна тој, автомобилите од проектот „Кортеж“ стилски се засновани врз изгледот на моделот ЗИС-110 од четириесеттите години на минатиот век.

Дизајнерите му понудија на Министерството за индустрија и трговија триесетина верзии на автомобилот. Одбраните варијанти се проследени до претседателот. На конкурсот победи авторското решение на Алексеј Чворкин од Централниот научноистражувачки автомобилски и автомото институт.

На почетокот на 2014 година се појави првата мобилна макета на лимузината во целосна големина, а на 22 јануари му е претставена на шефот на руската држава и доби позитивна оцена, рече официјалниот претставник на ФСО, доктор на историски науки Сергеј Девјатов.

Кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година првите автомобили од проектот се испратени на пробно возење во Гаражата за посебна намена на ФСО на Русија. Барањата кои автомобилите од Гаражата, наменети за највисоките државни функционери, мораат да ги задоволат, подразбираат највисоки критериуми на сигурност, безбедност и комфор. Сите такви тестирања се успешно направени, потсетува Девјатов истакнувајќи дека на почетокот на оваа година е поминат и целиот комплет испитувања во склад со постојните барања и дека на краш-тестовите се добиени највисоките оцени според сите критериуми.

Автомобилите од проектот „Кортеж“ ќе се произведуваат и продаваат под ознаката „Aurus” (кованица од зборовите Aurum-злато и Russia – Русија), пишува Девјатов, истакнувајќи дека имињата се добиени по кулите на московскиот Кремљ, па така седанот е наречен „Сенат“ (исто се вика и лимузината), минивенот е „Арсенал“, а теренецот „Командант“. Како што нагласува авторот на книгата, Федералната служба за обезбедување го очекува теренското возило идната година.

Погледнете: Путин ја претстави новата претседателска лимузина „Кортеж“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња