Во Путиновата колона од автомобили ќе биде и новиот кросовер од проектот „Кортеж“

Претседателската лимузина

Претседателската лимузина

Kremlin.ru

Новата линија модели на руски автомобили со ознаката Aurus создадена во рамките на проектот „Кортеж“ ќе биде комплетирана со  компактен кросовер. Во Централниот научно-истражувачки автомобилски и автомото институт задолжен за производство на автомобили наменети за највисоките државни функционери се развива ново возило, изјави во интервју за „Автоњуз“ директорот на одделението за дизајн на НАМИ Јуриј Черненко.

Како што истакна тој, автомобилот ќе биде поставен на иста основа како и останатите возила од оваа марка, бидејќи модуларната платформа ЈМР овозможува варијации во поглед на должината. Дизајнерското биро почна со работа на изгледот на возилото. Во овој момент во соработка со конструкторите и производителите се доработуваат некои ситни елементи. Засега нема многу поединости, затоа што проектот е доверлив, но она што е сигурно е дека овој новитет според своите стилски карактеристики ќе се вклопува во линијата модели Aurus, бидејќи препознатливоста на семејството автомобили е една од важните задачи.

Во основната варијанта е планиран салон со пет седишта, а во иднина не се исклучува ни кабина за седум патници. И, што е најважно, според стручњаците, тоа ќе биде најдостапниот од сите модели Aurus.

Првото возило од проектот „Кортеж“ беше претставено на 7 мај на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за лимузината која е наречена „Сенат“, исто како и седанот. И останатите возила добија имиња по кремљовските кули – минивенот „Арсенал“, а теренецот „Командант“.

Треба да се каже дека единствено теренецот од сите најавувани модели од оваа линија се нема појавено сѐ уште, додека лимузината, седанот и минивенот веќе влегоа во состав на претседателската колона. Инаку, на улица беше виден минивен со регистарски таблички на Министерството за одбрана на РФ и уште еден таков автомобил во бела боја.

Сите останати модели со исклучок на кросоверот наскоро ќе бидат претставени на Московскиот саем на автомобили. Интересно е и тоа што министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров изјави дека појавувањето на теренското возило од проектот „Кортеж“ желно го исчекува не само како министер, туку и како љубител на автомобили. „Во животот возев различни автомобили. Човек не може да остане рамнодушен на комфорот на лимузината и седанот, но мене сепак ми е најдраг теренецот Aurus. Така што штом ќе се појави на пазарот сериозно ќе размислам за негово купување. А тоа најверојатно ќе биде во 2020 година“, рече Мантуров.

Прочитајте повеќе: Разоткриени тајните на работата над претседателскиот „Кортеж“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња