Електричниот автомобил под називот UV-4 е претставен на воено-техничкиот форум „Армија 2018“ што се одржува во Подмосковје.
Возило UV-4 е тешко 650 килограми и има рамка од заварени челични цевки и пластични панели на каросеријата, но нема врати. Го движи електромотор со сила од 68 КС. Може да достигне брзина до 80 км/ч. Автономијата на движење изнесува 150 км. Должината на возилото е 3,4 метри, ширината 1,5, а висината 1,7 м.
Според податоците од производителот, возилото бара минимално одржување и дава голема удобност во возењето. Претставниците на концернот „Калашников“ не ја откриј цената на ова електрично возило. Тие исто така го прикажаа електричниот мотоцикл UM-1 (Urban Moto) кој развива брзина од 100 км/ч, а до следното полнење може да помине 150 км. Тежок е меѓу 165 и 245 килограми и користи акумулатори LiFePO4 и LiPO. Концернот го претстави и хибридното баги OV-2 работено по нарачка на Министерството за одбрана на Русија кое развива брзина до 100 км/ч и може да превезе до четири лица.