Ак-308
YouTubeКонцернот „Калашников“ на големиот воен саем „Армија-2018“ ќе го прикаже опитниот модел на новата автоматска пушка АК-308 со калибар 7,62 милиметри. Овој модел на автоматска пушка е комплетиран и се наоѓа во фаза пред главните испитувања. Оваа информација ја пренесе информативната служба на концернот „Калашников“ и притоа го прикажа својот најнов продукт во видеоматеријал.
Опитниот модел на оваа автоматска пушка е направен врз база на АК-103. Пушката користи куршум 7,62х51 милиметри. На оружјето се применети одредени технички решенија кои се дел од автоматската пушка АК-12. Вкупната тежина на автоматската пушка Ак-308 изнесува 4,3 килограми (тежина со празна рамка). Инаку рамката ќе може да собере 20 куршуми 7,62х51мм.
Должината на автоматската пушка изнесува 880-940 милиметри. Должината на цевката на пушката изнесува 415 милиметри. Пушката користи оптички нишан со зголемување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче