„Калашников“ демонстрираше „летечки автомобил“

YouTube
Рускиот концерн „Калашников“ објави на својот официјален сајт видео во кое е претставен концептот на „летечки автомобил“, развиен од конструкторите на концернот.

Апаратот е опремен со осум пропелери кои се сместени на ободот на леталото, а работат на акумулатор. Со помош на елисите автомобилот може да подигне во воздух едно возрасно лице. Правецот на движење се регулира со помош на џојстик кој се наоѓа пред седиштето на возачот.

Како што наведуваат медиумите, на пробниот лет на апаратот присуствувал првиот човек на „Ростех“ Сергеј Чемезов.

Од концернот „Калашников“ порачуваат дека планираат практична демонстрација на „летечкиот автомобил“ во најблиска иднина.

„Конструкцијата засега е во фаза на тестирање. Наскоро ќе приредиме практична демонстрација на апаратот“, изјави директорката за комуникации Софија Иванова.

Судејќи според надворешниот изглед на леталото, може да се претпостави дека неговата основна намена е превоз на луѓе, пишуваат медиумите. Покрај тоа, машина со слична конструкција може да се користи и во големите индустриски претпријатија за превоз на товар со помали димензии.

Раководителот на Одделот за наука, индустриска политика и претприемништво на Москва Алексеј Фурсин летово соопшти дека една московска компанија работи на проектирање на воздушно такси и летечки мотоцикл.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња